Во округот Падра во индиската држава Гуџарат, дел од мостот Гамбира-Муџпур преку реката Махисагар (Махи) се урна рано утрово, при што загинаа девет лица, а тројца други беа повредени, а неколку возила паднаа во реката, објавија индиските медиуми.
Дел од конструкцијата на мостот што ги поврзува регионите Ананд и Вадодара попуштила за време на утринскиот шпиц, објави NDTV од Делхи.
Според првичните извештаи, четири возила, вклучувајќи два камиони, еден теренец и еден пикап, го преминувале мостот кога одеднаш се срушила дел од конструкцијата.
Очевидци велат дека неколку моменти пред возилата да паднат во реката, се слушнал силен звук на кршење.
Мештаните тврдат дека овој мост, е клучна сообраќајна врска меѓу Гуџарат со Саураштра, и дека мостот долго време бил запоставен од службите за одржување на инфраструктурата.