- Нашата апсолутна црвена линија е демилитаризацијата на Украина, нагласи Лекорни во интервју за неделникот „Валур актуел“ пред конференцијата за обнова на Украина во Рим.
Тој подвлече дека „мора да се биде доследен“.
- Не можеме да го одбиеме влезот на Украина во НАТО, а истовремено да прифатиме дека таа повеќе нема армија. Украинците мора да бидат способни сами да си ја обезбедат својата безбедност, рече министерот.
Конференцијата за обнова на Украина утре ќе ја отворат италијанската премиерка Џорџа Мелони и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во посета на Велика Британија, ќе учествуваат на конференцијата од британска воена база.
Целта на конференцијата е да му се помогне на Киев во борбата и обновата на земјата. Ова е четврта конференција од ваков тип, во време кога американската поддршка за Украина опаѓа.