Во Дуизбург 17 училишта останаа затворени поради закани од екстремната десница

7.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Дуизбург 17 училишта останаа затворени поради закани од екстремната десница

Засегнати се 17.980 ученици, прецизираше портпаролката на општинската администрација. На вратите на образовните установи е поставен знак „училиштето е затворено“.

Управата на средното училиште во централниот дел на градот во петокот добила белешка со „заканувачки десничарски изрази“, велат од полицијата. Испраќачот, кој засега останува непознат, денеска во училиштето се заканувал дека ќе изврши кривични дела.

Училиштето вчера добило уште една белешка со закана. Овој пат тие се однесувале и на други училишта од околината.

Полицијата соопшти дека според локалната служба за безбедност, се претпоставува дека заканите биле измама. Како мерка на претпазливост училиштата денеска се префрлени на настава на далечина.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата