Чудната рута на авионот на ASR141 над Виена беше видлива и на платформата Flightradar. Сателитската снимка од центарот на градот едвај се гледаше на мапата од сините линии што ја покажуваат патеката на летот.
Оваа ситуација предизвика загриженост кај некои луѓе, бидејќи не знаеја за што се работи.
„Изгледа како да црта мојот син“, се пошегувал еден маж.
За разлика од него, на другиот маж оваа глетка на небото му била страшна и вознемирувачка.
Во меѓувреме, надлежните соопштија и објаснија дека вчера во Виена се одржал матарон и дека како и претходните години, покрај хеликоптери и дронови, се користел и авион за авионско фотографирање.