Вкупно 89 лица се уапсени во операција на турската полиција против „Исламска држава“

16.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вкупно 89 лица се уапсени во операција на турската полиција против „Исламска држава“

Вкупно 89 лица се уапсени денеска во операција на турската полиција против терористичката група „Исламска држава“, спроведена во 17 области на земјата, меѓу кои Анталија, Истанбул и Кахраманмараш, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Икс.

Уапсените се осомничени за соработка и членство во терористичката организација ДАЕШ (арапска кратенка за џихадистичката група „Исламска држава“), појасни Јерликаја.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата