Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле изјави дека криминалците вратени од САД ќе бидат префрлени во мегазатворот ЦЕЦОТ.
Тој додаде дека помеѓу депортираните се и двајца водачи на бандите.
Според Букеле депортацијата ќе помогне во разузнавачките напори за разбивање на преостанатите структури на бандите.
- Нашата работа ќе продолжи до откривање на целата мрежа, вклучително и поранешни и нови членови, пари, оружје, дрога, засолништа, соработници и спонзори, истакна Букеле.
Тој повтори дека неговата Влада е посветена на борбата против организираниот криминал и соработката со сојузниците.