Виткоф: Разговорите меѓу САД и Иран се ветувачки

25.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Виткоф: Разговорите меѓу САД и Иран се ветувачки

-Веќе сме во преговори, не само директно, туку и преку посредници. Мислам дека разговорите се ветувачки. Се надеваме дека ќе постигнеме долгорочен мировен договор што ќе го оживее Иран, рече Виткоф во интервју за Фокс њуз.

„Сега е наш ред да седнеме на маса со Иранците и да постигнеме сеопфатен мировен договор, и сум многу уверен дека ќе го постигнеме тоа“, додаде тој.

Иран и САД од април водат индиректни разговори со цел да се најде ново дипломатско решение за иранската нуклеарна програма, потсетуваат британските медиуми.

Техеран инсистира на тоа дека неговата нуклеарна програма има мирнодопски цели, додека Вашингтон вели дека сака да се осигури дека Иран не може да произведе нуклеарно оружје.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата