Во израелскиот напад врз затворот Евин крај Техеран, загинаа 71 лице

29.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во израелскиот напад врз затворот Евин крај Техеран, загинаа 71 лице

-Во нападот врз затворот Евин беа убиени 71 лице, вклучувајќи административен персонал, млади мажи кои отслужуваат воена служба, затвореници, членови на семејствата на затворениците кои ги посетуваат и соседи кои живеат во близина на затворот, рече Џахангир, пренесоа британските медиуми.

Тој потврди дека преостанатите затвореници се префрлени во други затвори во покраината Техеран.

Голем број странски државјани се притворени во затворот Евин, вклучувајќи двајца француски државјани кои се затворени таму веќе три години.

Израелски воени авиони го погодија најозлогласениот затвор за политички затвореници во Техеран, покажувајќи дека ја проширува својата кампања за да вклучи симболи на автократското владеење на иранскиот режим, пренесоа британските медиуми.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата