Видео: Во Исланд започна вулканска ерупција

1.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Во Исланд започна вулканска ерупција

Предупредување: Ерупцијата започна“, соопшти метеоролошката служба. „Магмата сè уште не стигнала на површината, но веројатно е ерупција“.

Во тек е евакуација на блиската Сина лагуна и рибарскиот град Гриндавик, каде се напуштени околу 40 куќи, јави јавната телевизија „RUV“, повикувајќи се на локалната полиција. Стотици помали земјотреси ја погодија областа.

Од 2021 година, 10 ерупции се случија јужно од Рејкјавик, а ова може да биде 11-та. Ерупциите на полуостровот Рејкјанес никогаш директно не го зафатиле главниот град или не предизвикале значителни пепелни облаци во стратосферата. Исланд има 33 активни вулкански системи, повеќе од која било друга европска земја.

Извор: Индекс.хр

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата