Помошник-комесарот на полицијата во Мерсисајд, Џени Симс, изјави дека настанот, кој се случи на државен празник, не се третира како терористички чин и најверојатно е изолиран случај.
На местото на инцидентот е уапсен 53-годишен маж, кој е идентификуван како возач на автомобилот – белец од Ливерпул.
Според полицијата, 27 лица се пренесени во болница, а уште 20 се лекувани на самото место. Четири деца се меѓу повредените, од кои едното е со сериозни повреди. Двајца од повредените се во тешка состојба
Шефот на противпожарната служба во Мерсисајд, Ник Сиерл, рече дека пожарникарите успеале да спасат четири лица, вклучувајќи и дете, кои биле заглавени под автомобилот.
Видео снимки што кружат на интернет прикажуваат како автомобилот забрзува и удира пешаци од двете страни на улицата преполна со луѓе. Сведоци се обиделе да го сопрат возачот, кој подоцна бил приведен од полицијата.
Очевидецот Лес Винспер (55) за „Гардијан“ изјави: „Луѓето почнаа да удираат по прозорците. Ги скршија, тој се исплаши и нагази на педалата за гас. Удри едно лице, тоа одлета во воздух и потоа продолжи да гази и други.“
Друг сведок, Мајк Мадра, рече дека автомобилот „сврте лево, се качи на тротоарот и се забрза кон зградите“, додавајќи дека изгледало како намерно да удира луѓе.
„Овие сцени во Ливерпул се ужасни – моите мисли се со сите повредени и засегнати, порача британскиот премиер Киер Стармер, - Секој, особено децата, треба да може да ги слави своите херои без вакви ужаси, додаде тој.
Поранешни фудбалери на Ливерпул изразија шок и сочувство, а Премиер лигата објави дека е „згрозена од настанот и ги поддржува сите повредени и нивните семејства“.
Monkeys are dangerous. Dont feed them cars. #Liverpool pic.twitter.com/Izf4GXZR8I
— L. Baekelandt (@LuDoviEk) May 27, 2025
Парадата на Ливерпул, на која присуствуваа илјадници навивачи и покрај дождот, траеше три и пол часа и опфати 16 километри низ градот.