Велика Британија ќе инвестира над 100 милијарди евра во наука, иновации и одбрана до 2030

8.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Велика Британија ќе инвестира над 100 милијарди евра во наука, иновации и одбрана до 2030

Во владиното соопштение се наведува дека средствата ќе се насочат кон области што се приоритет за граѓаните – здравството, безбедноста и економијата. Инвестициите треба да донесат забрзан развој во најдинамичните сектори како технологија, наука и национална безбедност.

Дополнително, ќе бидат издвоени 30 милијарди фунти за јакнење на националниот здравствен систем, кој се соочува со сериозна криза.

Се очекува следната недела Владата на Британија да ги претстави буџетските насоки, кои предвидуваат и кратења на социјалните програми и административните трошоци. Овие најавени мерки веќе предизвикаа масовен протест во Лондон.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата