Амерканците во паника: 13 тела се пронајдени во четири држави- каде е серискиот убиец?

8.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Амерканците во паника: 13 тела се пронајдени во четири држави- каде е серискиот убиец?

Телото на млада жена од Бостон е пронајдено од минувач околу 11:45 часот наутро во недела, 1 јуни, во шумска област во градот Милтон, околу осум милји јужно од Бостон, соопшти Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Норфолк. Според нив, немало видливи знаци на насилство на телото, а точната причина за смртта ќе се утврди со обдукција во Канцеларијата на главниот судски испитувач, објавува „Њујорк пост“.

Смртта на Адријана Суазо е најновата во загрижувачката серија сомнителни и необјаснети смртни случаи што ги потресоа државите Масачусетс, Конектикат, Род Ајленд и Мејн од март оваа година. Оттогаш се пронајдени најмалку 13 тела, повеќето од нив во зафрлени или шумски области.

Иако околностите на многу од случаите варираат - од смртни случаи без надзор до брутални убиства и распарчени тела - зголемениот број на случаи и нивната временска близина ги поттикнаа јавните шпекулации за можен сериски убиец. Сепак, полицијата и обвинителите досега ги отфрлија ваквите тврдења, велејќи дека нема форензички докази што ги поврзуваат сите случаи.

Еден од првите случаи се случиl на 6 март, кога телото на 35-годишната Пејџ Фанон беше пронајдено во реката Норвок во Конектикат, истиот ден кога беше пронајден човечки череп во шумата покрај Пат 3 во Плимут, Масачусетс.

Само неколку дена подоцна, на 19 март, распарчените остатоци од 58-годишната Сузан Вормсер беа пронајдени во куфер во Гротон, Конектикат. Нејзиниот цимер бил уапсен, но набрзо починал во притвор. На 25 март, 59-годишната Дениз Лири е пронајдена мртва во Њу Хејвен, додека следниот ден, на 26 март, телото на 56-годишната Мишел Романо било пронајдено во шумата во Фостер, Род Ајленд. Неидентификувано тело е пронајдено на 9 април во Килингли, Конектикат, а на 20 април, друго тело е извлечено од реката Сиконк во Потакет, Род Ајленд. Само неколку дена подоцна, на 27 април, две тела се пронајдени истиот ден - едното во реката Конектикат во близина на Роки Хил, другото во Тонтон, Масачусетс. Телата на две други жени, вклучувајќи ја и 45-годишната Меган Мередит, се пронајдени на 22 април во близина на велосипедска патека во Спрингфилд.

Најновиот случај, пред Адријана Суазо, беше на 30 мај, кога 34-годишната Јасмин Вилкс била пронајдена мртва во паркот Еџвуд во Њу Хејвен.

Сестрата на починатата Адријана, Мелани Пизаро, изјави за Фокс њуз диџитал дека нејзиното семејство бара одговори.

„Не обвинувам никого, но околностите се сомнителни. Таа беше со некого кога почина или непосредно пред тоа. Само ја сакаме вистината за тоа што ѝ се случи“, рече таа.

На местото каде што е пронајдено телото на Адријана, семејството и пријателите одржаа бдение во чест на нејзиниот живот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата