Вечерва ќе му се констатира смртта на папата Франциск и телото ќе се положи во ковчег

21.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вечерва ќе му се констатира смртта на папата Франциск и телото ќе се положи во ковчег

Во соопштението се наведува дека церемонијата на прогласување на смртта и ставање на телото на починатиот папа Франциско во ковчегот ќе се одржи вечерва во 20 часот, објави Vatican News.

Се додава дека меѓу присутните во капелата на ватиканската Каза Санта Марта ќе бидат кардиналот Џовани Батиста Ре и членовите на семејството на починатиот папа Франциск, заедно со директорот и заменик-директорот на Дирекцијата за здравство и хигиена.

Директорот на Канцеларијата за печат на Светата столица, Матео Бруни, изјави за новинарите дека телото на папата може да биде пренесено во базиликата Свети Петар во среда наутро, за да можат верниците да се молат пред неговите посмртни останки.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата