Ердоган се огласи по серијата земјотреси во Истанбул (ВИДЕО)

23.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган се огласи по серијата земјотреси во Истанбул (ВИДЕО)

„Ние го следиме процесот многу внимателно. Засега се чини дека нема проблем“, рече Ердоган, пренесува турскиот CNN.

Бора Балдиоглу, градоначалник на областа Силвири во Турција, која беше најтешко погодена од земјотресите, рече дека во областа нема урнати згради и дека „продолжуваат напорите за скенирање“.

Потресите беа почувствувани и во околните провинции, како и во Анкара. Министерството за транспорт соопшти дека по првичните контроли на автопатите, аеродромите, возовите и метрото не е констатирана штета.

Претходно, земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Истанбул во Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри, во Мраморното Море, западно од Босфорот. Според првичните информации, зградите во Истанбул се треселе, а граѓаните истрчале на улиците.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата