Ужасна смрт на детето (12), кое загина во невремето во Франција- бил на пикник со сестричките

26.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужасна смрт на детето (12), кое загина во невремето во Франција- бил на пикник со сестричките

Момчето и неговите три помлади сестри отишле на река во градот Пикекос во департманот Тарн-ет-Гарон во Франција. Малото момче ги однело своите сестри на пикник покрај реката за да се разладат во неверојатно жежок ден. Потоа, одеднаш, сè се стемнило и страшно невереме го зафатило подрачјето.

Ветровите дувале со брзина од повеќе од 120 километри на час, а малото момче се обидувало да најде засолниште за себе и своите сестрички. Страшните налети на ветер кршеле дрвја, па дури две паднале и врз момчето.

Градоначалничката Кристел Гарсија вели дека целата заедница е во шок поради трагедијата што ги снашла.

„Две дрвја паднале врз него. Сè се случило околу 20 часот. Малото момче било со своите три сестри во близина на реката. Сакале да имаат пикник, но започнала бурата, силен пороен дожд и тој страшен ветер што ги искорнал дрвјата, кои само го покриле“, рече градоначалникот.

Да потсетиме дека покрај момчето, во бурата загина и еден постар маж, кој бил зафатен од бурата додека возел мотоцикл. Според локалните медиуми, во бурата се повредени повеќе од 17 лица, од кои едно е потешко повредено.

Повеќе од 100.000 домови останаа без електрична енергија, а бурата не го поштеди ниту Париз, каде што порои вода течеа низ улиците, а туристите очајно бараа засолниште од поројните дождови и силните ветрови.

Ветровите на бурата беа толку силни што корнеа и скршија барем еден далновод.

Од утрово, сите паркови во Париз се затворени за безбедноста на граѓаните и ќе останат затворени сè додека надлежните екипи не ги проверат дрвјата и не ги санираат штетите предизвикани од бурата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата