Тело на четиримесечно бебе е најдено во хотелска фиока, мајката ја оставила за да има секс со партнерот

26.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тело на четиримесечно бебе е најдено во хотелска фиока, мајката ја оставила за да има секс со партнерот

Бруклин Фанчер била пронајдена во несвест во фиока во хотел „Дејс Ин“ во Хјустон во мај 2024 година и прогласена за мртва на местото на настанот. Вештакот пресудил дека таа трагично починала од задушување, објави Пипл.

Истражителите веруваат дека родителите на бебето, Џереми Фанчер и Дестини Кампос, го ставиле бебето во фиоката за да можат да имаат секс во хотелската соба.

„Таа призна дека детето било ставано во оваа фиока во повеќе наврати и даде причини зошто детето било ставено таму, една од нив била да им помогне, хм, на обвинетата и на сообвинетиот да имаат малку „лично време“ заедно“, рече судијата за време на сослушувањето.

Двајцата родители се обвинети за убиство. Сегашната партнерка на Џереми, Мерилин Монк, исто така е уапсена и обвинета за спречување на апсењето.

Бабата на Бруклин, Лиза Фарел, им изјави на локалните медиуми дека се надева дека нејзината ќерка ќе го помине животот зад решетки, исто како нејзиниот партнер Џереми.

„Мислам дека треба да скапуваат во затвор. Малата Бруклин никогаш нема да дипломира, никогаш нема да се омажи, никогаш нема да има свои деца. Тоа ѝ го одзедоа и нема изговор за тоа“, рече Лиса.

Таа додаде дека не сака да ја види или да разговара со својата ќерка.

„Не сакам да разговарам со неа. Немам што да ѝ кажам бидејќи кога ја видов, не плачеше. Не покажа каење за губењето на своето дете. И тоа ме мачи“, рече таа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата