Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ужас во Шведска: Три деца се прободени со нож во близина на училиште

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Шведската ТВ4 јавува дека напаѓачот имал нож. Најпрво се шпекулирало дека нападот се случил во училиштето, но подоцна директорот ги демантирал овие наводи, велејќи дека учениците не биле во училишната зграда во моментот на нападот.

Случајот е класифициран како убиство во обид, но полицијата наведува дека нема информации за тежината на повредите. Засега никој не е уапсен. Голем број полициски сили се вклучени во операцијата во близина на спортскиот објект во Ескилстуна, на околу 90 километри западно од Стокхолм, соопшти полицијата. Повредените се пренесени во блиската болница.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ