Москва очекува одговор во врска со предлогот на Путин за преговори со Украина во Истанбул

11.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Москва очекува одговор во врска со предлогот на Путин за преговори со Украина во Истанбул

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Москва очекува одговор во врска со предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за продолжување на преговорите со украинската страна во Истанбул.

„Да почекаме реакција од тие, на кои им беа предложени преговори“, истакна Захарова.

На прес-конференцијата во Кремљ синоќа Путин му предложи на Киев да ги продолжи без предуслови прекинатите преговори, кои завршија на крајот од 2022 година.

Се предлага дијалогот да почне на 15 мај во Истанбул.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, предлогот на рускиот претседател за директни преговори со властите во Киев ја потврдува вистинската намера за наоѓање мирно решение. За ова прашање, се изјасни и советникот на Путин, Јуриј Ушаков, кој за телевизијата „Прв канал“, рече дека за време на преговорите со Украина во Истанбул треба да се земе предвид реалната ситуација и тоа што е постигнато во преговорите во 2022 година. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата