Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на Конго

11.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на Конго

Обилните дождови ги предизвикаа поплавите, а дојдовните води однесоа големи камења, дрвја и кал, пред да ги срамнат со земја куќите на брегот на езерото. 

Повеќето од жртвите се деца и постари лица. Повредени се 28 лица, а 150 куќи се уништени. 

Според локалните граѓански организации, денеска се пронајдени 119 тела. 

Селото Касаба е достапно само преку вода, а нема мрежа за мобилна телефонија, изјави еден хуманитарен работник. 

Ваквите катастрофи се честа појава во Демократска Република Конго, особено по бреговите на големите езера во источниот дел на земјата, опкружени со ридови соголени од уништувањето на шумите. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата