Ужас во САД-Осумчлено семејство пронајдено мртво во запалена куќа

28.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во САД-Осумчлено семејство пронајдено мртво во запалена куќа

Како што пренесува „Еј-Би-Си Њуз“ (ABC News), пожарникарите ги пронашле телата на шест деца на возраст од пет до 15 години, како и на нивните родители.

Од Канцеларијата на шерифот на округот Отава соопштија дека сите членови на семејството починале од прострелни рани.

Според резултатите од обдукцијата, 47-годишниот Кристофер Каролкјевич извршил самоубиство, додека смртта на неговата 39-годишна сопруга Аманда и на нивните шест деца е оквалификувана како убиство.

Имињата на децата не се објавени. Меѓу жртвите има четири момчиња на возраст од 5, 11, 12 и 15 години, како и две девојчиња на возраст од 11 години. Четири од децата биле биолошки, а две биле посвоени.

Капетанот од Канцеларијата на шерифот, Џејк Спаркс, изјави дека станува збор за „неискажлива трагедија“ и дека истражителите ќе сторат сè што е во нивна моќ за да го утврдат мотивот зад злосторството.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата