Ужас во Берлин: Маж со БМВ влета во група мали деца, три се итно префрлени во болница

4.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Берлин: Маж со БМВ влета во група мали деца, три се итно префрлени во болница

Несреќата наводно се случила околу 13:10 часот.

Според првичните информации, БМВ-то удрило во група деца (на возраст од 7 до 8 години) додека свртувало.

Еден наставник наводно е тешко повреден, а три од 15-те деца се полесно повредени. Тие се однесени во блиската болница Вирхов.

На социјалните мрежи се појави фотографија од наводниот возач.

На неа се гледа младиот човек како се потпира на возилото додека го испрашува полицијата. Возачот на БМВ-то е неповреден. Левото светло на автомобилот е оштетено.

Како што може да се види на фотографиите што се појавија на интернет, голем број амбулантни возила се на местото на настанот, пружајќи им помош на повредените.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата