УНАМА: Најмалку 42 авганистански цивили загинаа во борбите помеѓу Авганистан и Пакистан

3.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УНАМА: Најмалку 42 авганистански цивили загинаа во борбите помеѓу Авганистан и Пакистан

Судирите помеѓу двете соседни земји продолжуваат и денеска, Кабул соопшти дека денеска зазел уште една пакистанска позиција во регионот Кандахар.

Додека Исламабад тврди дека пакистанските сили уништиле воена база во авганистанската покраина Нангархар.

И Авганистан и Пакистан тврдат дека од почетокот на судирите убиле десетици војници и нанеле голема штета врз воените објекти на другата страна.

УНАМА повика на прекин на борбите поради што во Авганистан се раселени околу 16.400 домаќинства. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата