Украинската СБУ тврди дека со дронови уништила над 40 стратешки бомбардери

1.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украинската СБУ тврди дека со дронови уништила над 40 стратешки бомбардери

Укринформ пренесе дека во моментов СБУ спроведува специјална операција за уништување на руските стратешки бомбардери во заднината, која ја нарекла „Пајакова мрежа“.

Дроновите на СБУ се обучени да ги гаѓаат авионите кои секоја ноќ ги бомбардираат украинските градови, а извори ос украинската специјална служба тврдат дека до овој момент се уништени повеќе од 40 авиони, вклучувајќи ги и бомбардерите  А-50, Ту-95 и Ту-22 М3.

Оттаму наведуваат дека една од погодените бази била воздухопловната база Белаја во Иркутската област. Дополнителни детали не беа објавени, а „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата.

На социјалните мрежи се појавија непотврдени информации дека избувнал пожар во воздухопловната база Олења во Мурманскиот регион.

А-50 има клучна улога во руската агресија врз Украина бидејќи служи за откривање на системи за противвоздушна одбрана, наведувани ракети и координација на целите за руските борбени авиони. Наводно Русија поседува помалку од десетина такви летала, а нивната цена се проценува на околу 350 милиони долари.

Туполев Ту-95, Ту-22 и Ту-160 се тешки бомбардери што Русија редовно ги користи за лансирање ракети врз украинските градови. Ту-95 е најстариот од нив - тоа е авион од советската ера што првпат полетал во 1952 година. Првично бил наменет за носење нуклеарно оружје, но подоцна бил адаптиран за истрелување крстосувачки ракети.

Секој Ту-95 може да носи до 16 крстосувачки ракети - Kh-55/Kh-555 или поновите ракети од воздух Kh-101 и Kh-102. Карактеристично е што користи турбопропелерски мотори наместо млазни мотори, бидејќи за време на Студената војна нивната ефикасност овозможувала лет до САД без потреба од дополнување гориво.

Ту-22 ги носи проектилите Кх-22, кои се особено проблематични за Украина бидејќи се суперсонични и летаат со брзина од околу 4.000 километри на час. Во моментов, можат да бидат соборени само од американскиот систем „Патриот“ и евентуално европскиот систем SAMP-T, заеднички проект на Италија и Франција.

Tу-160 е најмодерниот руски стратегиски бомбардер што е во оперативна употреба од 1987 година. Тој и натаму е најголемиот оперативен бомбардер во светот. Може да носи до 12 проектили Kh-55 и до 24 проектили Kh-15

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата