Монаган е убиен во саботата во познат паб на Коста дел Сол, а сега е објавено видео од бруталната егзекуција.
Камерите го снимиле напаѓачот облечен во црно кој отвори оган врз Монаган додека пабот беше полн со луѓе, кои панично избегаа барајќи засолниште кога се слушнаа истрелите. Кога Монаган сфати дека ќе биде убиен, се обиде да избега, на крајот паѓајќи на колена и гледајќи го својот џелат.
Според шпанските медиуми, сторителот пукал во Монаган најмалку четири пати од блиску, а кратко пред тоа го убил неговиот соработник, Еди Лионс, пред пабот.
Убиството на криминалецот се случило доцна во саботата навечер, по финалето на Лигата на шампионите помеѓу Париз Сен Жермен и Интер Милан. По егзекуцијата, напаѓачот избегал од пабот пеш, а подоцна бил собран од соучесник во автомобил. Монаган, кој беше член на криминалната банда Лајонс од Глазгов, претходно избега во Шпанија откако преживеа обид за атентат во 2017 година пред основно училиште во градот.
Според „Дејли меил“, егзекуцијата се случила во услови на жестока војна меѓу бандите за контрола на трговијата со дрога во Шкотска, која трае од март оваа година.