Украина ќе испрати делегација „оваа недела“ во Вашингтон за да разговара за стратешките минерали, за договорот со кој САД сакаат да добијат повластен пристап во замена за помошта што му ја даваат на Киев од почетокот на руската инвазија, објави денеска украинската Влада.
„Мисијата на украинскиот тим ќе биде да ги „унапреди преговорите“ за тој „стратешки“ документ, а ќе вклучи претставници на министерствата за економија, надворешни работи, правда и финансии“, изјави вицепремиерката Јулија Свириденко.
Американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да потпише договор со кој им се дозволува на американските компании да ископуваат украинска руда додека се преговара за договор за прекин на огнот меѓу Украина и Русија.