Украина тврди дека соборила 130 руски дронови

15.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украина тврди дека соборила 130 руски дронови

Според украинското воено воздухопловство, од 19:30 часот синоќа Русија лансирала 178 дронови од типот „Шахед“, како и две балистички ракети „Искандер-М“ од регионот Курск.

„Воздушната одбрана беше активирана низ целата земја и успеа да собори 130 дронови, додека 38 други исчезнаа од радарите, но не предизвикаа штети“, се вели во соопштението на украинската армија.

Руската офанзива предизвикала материјални штети во Днепропетровскиот, Харковскиот, Одескиот, Сумскиот, Черниговскиот и Киевскиот регион. Во областа на Одеса нападите предизвикале пожар и оштетување на инфраструктурата, а еден цивил е повреден, соопштија локалните власти./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата