Американскиот претседател Доналд Трамп бара билатерален договор за минерали како дел од неговите напори да стави крај на војната на Украина против руската инвазија.
Трамп го гледа договорот и како начин за враќање на милијардите долари што САД ги потрошија за воена помош за Украина. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Украина нема намера да ја признае воената помош од претходната американска администрација како заем.
Техничките тимови го усогласија нацрт-договорот
„Нашите технички тимови работеа заедно многу темелно на договорот и постигнат е значителен напредок. Нашиот правен персонал приспособи неколку точки во нацрт-договорот“, напиша Свириденко во објавата на социјалната мрежа Х.
Таа напиша и дека соработката за договорот ќе продолжи и дека двете страни се договориле во блиска иднина да потпишат меморандум со кој ќе биде означен првиот чекор што ќе означи напредок.
САД ја намалуваат проценката на трошоците за помош
Соединетите држави ја намалија проценката на трошоците наменети за помош на Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година на околу 100 милијарди долари од 300 милијарди долари, објави деднеска Bloomberg News, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.
Минатиот месец администрацијата на Трамп предложи нов, поширок договор за минерални суровини, кој на Украина не и дава никакви безбедносни гаранции за иднината, но бара сите приходи од експлоатација на природни ресурси од државни и приватни компании лоцирани на украинска територија да се прелеат во заеднички инвестициски фонд.
Идниот договор ќе бара ратификација од украинскиот парламент и се очекува да придонесе за економскиот раст во двете земји, рече Свириденко, без да даде дополнителни детали.
„Тоа ќе создаде можности за инвестиции и развој во Украина, но и ќе придонесе за воспоставување услови за опиплив економски раст и за Украина и за САД“, изјави висок украински функционер.