Куферот со телото бил фрлен во блискиот поток, а како што пренесува Дејли Мејл, полицијата ги пронашла само главата, рацете и стапалата, додека се уште трагаат по торзото и другите делови.
Инаку, Алесандро е по потекло од Италија, но со години живеел и работел во Лондон. Тој сакал да ја проучува природата.
Ова ужасно откритие дојде откако децата нашле куфер со страшна содржина додека си играле во шумата во Санта Марта, Колумбија.
Коати имал планови да се упати кон националниот парк Тајрона во недела наутро, изјавија за „Ел Еспектадор“ вработените во хотелот во кој престојувал. Во оваа идилична област, на 34 километри од Санта Марта, можело непречено да се проучува разновидната природа која ги привлекува молекуларните биолози. Но, кога Коати не се вратил следниот ден, неговите пријатели ја алармирале полицијата.
Откако дознале дека туристот е мртов, веднаш следела опсежна истрага, а градоначалникот на Санта Марта, Карлос Пинедо Куело, понудил награда од 10.000 евра за информација што ќе доведе до апсење на одговорните за убиството на Алесандро.
„Им наредив на властите да ги здружат силите и да ја решат смртта на италијанскиот државјанин Алесандро Коати. Нудиме награда од 50 милиони колумбиски пезоси за информација. Ова злосторство нема да остане неказнето“, рече градоначалникот.
Инаку, Коати престојувал во хостел во Санта Марта, а последен пат бил виден во петокот. Неговите останки биле пронајдени во неделата покрај патот што води до фудбалскиот стадион во Сиера Невада.
Научникот бил идентификуван со помош на нараквица што ја добил при пријавувањето во хотелот. Била на еден од деловите од телото пронајдени во куферот.
Патем, Коати работел во Кралското здружение за биологија од април 2017 година, прво како службеник за научна политика и во последните шест години како висок службеник.