Уапсениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, поднесе над 200 жалби за клевета

2.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, поднесе над 200 жалби за клевета

Адвокатите на Имамоглу поднесоа пријави против повеќе телевизиски канали, онлајн платформи, весници и профили на социјални мрежи, истакнувајќи дека „јазикот во објавите на овие платформи не само што ги крши етичките норми на новинарството, туку и ги повредува личните права на оштетениот“.

Имамоглу беше уапсен на 19 март заедно со неколку други членови на главната опозициска Републиканска народна Партија (ЦХП). На 23 март судот ја продолжи мерката за притвор поради обвиненија за корупција, а неколку дена подоцна општинскиот совет во Истанбул го разреши Имамоглу од функцијата и го назначи Нури Аслан за негов привремен заменик. Неговото апсење предизвика масовни протести низ земјата, кои доведоа до судири меѓу полицијата и демонстрантите, како и до нови апсења.

Во меѓувреме, Имамоглу беше избран за официјален кандидат на ЦХП за претседателските избори. Опозицијата започна петиција со барање за негово итно ослободување и одржување предвремени претседателски избори пред редовните, закажани за 2028 година.

Неодамна во Турција започна судски процес против лидерот на опозициската Партија на победата, Умит Оздаг, кој може да добие над четири години затвор за јавна навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган, доколку биде прогласен за виновен. Минатиот месец Ердоган поднесе тужба за нематеријална штета од 500.000 турски лири (13.000 долари) против лидерот на ЦХП, Озгур Озел, поради навредливи изјави во кои Озел го нарече Ердоган „лидер на хунта“. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата