Тој вети дека владата ќе „преземе храбри акции“ за да се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин и да ја заштити безбедноста на Велика Британија и Европа.
Од кабинетот на Стармер е соопштено дека дроновите „Сторм шрауд“ се развиени врз основа на искуството стекнато во војната во Украина, објави Скај њуз.
Британското Кралско воено воздухопловство (РАФ) првично ќе инвестира 22,3 милиони евра (19 милиони фунти) во најсовремени беспилотни летала „Сторм штрауд“, кои ја користат технологијата за електронско војување „Брајт сторм“, кои ги изработи компанијата „Leonardo UK“.