АфД на суд ќе ја оспорува класификацијата „екстремистичка организација“

2.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АфД на суд ќе ја оспорува класификацијата „екстремистичка организација“

Копретседателите на Алтернатива за Германија (АфД) денеска изјавија дека партијата ќе преземе правни мерки против класификацијата на домашната разузнавачка служба за нив како „екстремистичка организација“, јавија британските медиуми.

„АфД јавно се дискредитира и се криминализира непосредно пред промената на власта“, напишаа во соопштението Алис Вајдел и Тино Крупала.

Двајцата копретседатели додаваат дека партијата „ќе продолжи правно да се брани од овие клеветнички наводи кои ја загрозуваат демократијата“.

Класификацијата, која беше објавена претходно денеска, и дава право на домашната разузнавачка служба внимателно да ја следи работата на АфД.

Одлуката е донесена само неколку дена пред инаугурацијата на Фридрих Мерц, кандидатот на Христијанско-демократската унија за германски канцелар, и во време на жестоки дебати за тоа како да се работи со АфД во новиот парламент, забележуваат британските медиуми.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата