Според канцеларијата на парискиот обвинител, тој нарачал силување на деца, особено на Мадагаскар и Колумбија, за што плаќал над 10.000 евра, објави „Ле Фигаро“.
Сексуалното насилство врз децата за кое е обвинет монструмот се случило помеѓу јануари 2022 и 2025 година.
Според канцеларијата на обвинителството, осомничениот работел за градската администрација во Бордо и, поради природата на својата професија, немал контакти со деца.
Истрагата е покрената по дојава од Одделот за специјални истраги за криминал во департманот Жиронда, по што канцеларијата на парискиот обвинител го препратила случајот до Канцеларијата за борба против криминал против малолетници (OFMIN).
По претресот на неговиот дом и работното место, како и анализата на неговиот компјутер, биле утврдени сите околности и факти што го инкриминираат осомничениот.
Тој е осомничен и за кривични дела што ги извршил во Бордо, кои се однесуваат на соучество во трговија со лица под 15 години кои станале жртви на силување и сексуален напад, како и поседување детска порнографија.