Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат на почетокот на новата недела

10.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат на почетокот на новата недела

Цените на нафтата продолжија да се намалуваат на почетокот на новата недела, бидејќи загриженоста за влијанието на американските увозни царини врз глобалниот економски раст и побарувачката за гориво, како и зголеменото производство од производителите на ОПЕК+, го намалија апетитот на инвеститорите за поризични активи.

Суровата нафта „брент“, репер за европскиот пазар, падна за 31 цент или 0,4 отсто, на 70,05 долари за барел, откако во петокот поскапе за 90 центи.

Американската лесна сурова нафта се тргува за 66,69 долари за барел, што е пад од 35 центи (-0,5 отсто), по завршувањето на сесијата во петокот со раст од 68 центи.

Цените на нафтата во САД се намалија седма последователна недела, најдолга надолна низа од ноември 2023 година додека Брент падна трета недела по ред откако американскиот претседател Доналд Трамп ги наметна, а потоа ги одложи царините за клучните добавувачи на нафта Канада и Мексико, истовремено зголемувајќи ги увозните царини за кинески стоки. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата