Нереди во Букурешт откако прорускиот десничар Георгеску доби забрана за учество на изборите

10.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нереди во Букурешт откако прорускиот десничар Георгеску доби забрана за учество на изборите

Тринаесет повредени полицајци е исходот од синоќешните насилни протести во Букурешт, кои избувнаа по одлуката на Централната изборна комисија на земјата да ја отрфли кандидатурата на екстремнодесничарскиот популист, Калин Ѓорѓеску за прегласувањето на претседателските избори кои треба да се одржат во мај.

Како што пренесуваат романските медиуми, над 500 приврзаници на Ѓорѓеску биле присутни на протестите, кои најпрво се собрале пред седиштето на Комисијата, ја урнале оградата па потоа следела и пресметка со полицијата.

Ситуација ескалирала во стариот дел на Букурешт, каде демонстрантите фрлале камења, петарди и шишиња, палеле  контејнери, по што полицијата со солзавец се обидела да го спречи хаосот.

Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите од првиот круг два дена пред вториот круг избори на 8 декември откако се појавиле наводи дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на Ѓорѓеску, кој пак се кандидираше како независен.

Комисијата, која се изјасни негативно во однос на кандидатурата на Џорџеску ја цитираше одлуката на Уставниот суд на земјата за поништување на минатогодишните избори, наведувајќи дека кандидатот не се усогласил со изборните прописи. Ѓорѓеску,кој има 24 часа рок да поднес жалба, одговори дека ова е директен удар во срцето на демократија низ светот.

-Одиме заедно до крај за исти вредности, мир, демократија и слобода. Им благодарам на сите граѓани на Романија за се што прават, но се да помине во мир и добро познавање на реалоста, дека не смееме да предизвикаме насилство или други форми слични на синоќешните. Продолжуваме напред за подобра иднина на оваа држава,- изјави, Калин Ѓорѓеску.

Ѓорѓеску важи за силен критичар на членствто на Украина во НАТО, но и на поддршката на ЕУ кон Украина. Од Брисел пак околу ситуацијата во Романија негираат било каква вмешаност.

-Немаме коментар за изборите во Романија. Да бидеме јасни. Изборите се национално надлежни и Комисијата не го коментира избирачкиот процес во Романија. Тоа е прашање на романските власти и романскиот народ,- Маркус Ламерт – портпарол на европската комисија.

Поништувањето на претседателските избори во Романија беше силно критикувано од сегашниот  американски потпретседател Џеј-Ди Венс и Илон Маск, кои му дадоа поддршка на Ѓорѓеску. За прегласувањето во мај кандидатури поднесоа актуелниот градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, кој настапува како независен кандидат и Крин Антонеску, кој е заеднички претседателски кандидат поддржан од романската владина коалиција составена од Социјалдемократската партија, Национал-либералната партија и малата етничка унгарска партија УДМР.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата