Трамп за нападите врз Украина: Му дадоа причина на Путин да влезе и да ги бомбардира

7.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп за нападите врз Украина: Му дадоа причина на Путин да влезе и да ги бомбардира

Прашан дали оваа украинска акција го променила неговото мислење за адутите на претседателот Володимир Зеленски, Трамп одговори дека токму таа операција му дала причина на рускиот претседател Владимир Путин да започне воздушни напади врз украинските градови.

– Му дадоа причина на Путин да влезе и да ги бомбардира. Не ми се допадна таа операција. Кога ја видов, си реков: „Еве го, сега ќе започне нападот“,  изјави Трамп.

Специјалната операција „Пајакова мрежа“ беше изведена од украинската Служба за безбедност на 1 јуни и имаше за цел руски стратешки авиони на четири аеродроми. Шефот на украинската служба Васил Маљук рече дека со акцијата биле уништени 34 отсто од стратешките бомбардери што носат крстосувачки ракети на главните руски аеродроми.

Според полковникот Антс Кивиселг, шеф на Разузнавачкиот центар на естонските одбранбени сили, мета на украинската операција биле авиони Ту-95 кои се подготвувале за напади врз Украина.

Како одговор на акцијата, Русија во ноќта меѓу 5 и 6 јуни изврши масовни напади врз Украина, користејќи повеќе од 400 дронови и 40 крстосувачки и балистички ракети. Нападите предизвикаа многу цивилни жртви и голема штета врз инфраструктурата.

Утрото потоа, руските сили го изведоа досега најголемиот напад врз Харков.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата