Земјите каде што се извршени апсењата се наоѓаат во Европа и Америка. Обемната операција ја водела шпанската полиција. Вкупно, околу 70 имиња биле вклучени во полициската истрага.
Полицијата дојде до групата минатата година преку Интернет.
Седум лица се уапсени во Шпанија, вклучувајќи еден наставник и еден здравствен работник. Наставникот е обвинет за поседување и дистрибуција на детска порнографија.
Апсења биле извршени и во Латинска Америка. Меѓу десетте осомничени е и еден наставник од Панама.