„Ќе откриеме дали нè одвлекува или не, а ако нè одвлекува, ќе одговориме малку поинаку“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, објави Ројтерс.
Тој нагласи дека не може да каже дали Путин сака да ја заврши војната и дека ќе му треба околу една недела за да дознае. Трамп рече дека е разочаран од она што се случило во Украина и дека не му се допаѓа да гледа како се испукуваат ракети врз градовите.
Американскиот претседател, исто така, рече дека ќе седне да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и, доколку е потребно, со Путин. Зборувајќи за тоа зошто не вовел санкции врз Русија, Трамп рече дека не сака да го уништи договорот.