Трамп од денеска испраќа писма со нови царини до трговските партнери

7.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп од денеска испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Трамп уште во април најави основна царина од 10 отсто за речиси сите увозни производи, со дополнителни „реципроцитетни“ царини за земји со трговски дефицити со САД. Овие мерки беа паузирани за 90 дена, рок кој истекува на 9 јули.

„Писмата со договори или царини ќе бидат испратени до различни земји низ светот од понеделник напладне (16:00 по Гринич)“, објави Трамп на платформата Трут Соушл.

Трамп изјави дека очекува „до 9 јули да биде завршено со поголемиот дел од земјите – или со писмо или со договор“, додека неговиот министер за трговија, Хауард Латник, прецизираше дека новите царини ќе стапат во сила на 1 август. Првичната цел на мерките, според Белата куќа, е да се поттикнат другите земји да ги намалат бариерите за американски извоз.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата