Кремљ денеска соопшти дека групата БРИКС никогаш не делувала на начин кој има цел да ги поткопа другите земји, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави 10-процентни царини за земјите кои ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека ваквите изјави се земени предвид, но потсети дека суштината на БРИКС е во заеднички пристап и визија за соработка заснована на сопствени интереси. - Соработката во БРИКС никогаш не била и нема да биде насочена против трета страна, рече Песков.
БРИКС првично ги вклучуваше Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, а од 2024 година се приклучија и Иран, Египет, Етиопија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, а годинава и Индонезија.