Трамп нема намера да ги ублажува царините за челик и алуминиум

17.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп нема намера да ги ублажува царините за челик и алуминиум

„Не, немам намера да го сторам тоа“, одговори Трамп синоќа на новинарско прашање дали ќе одобри ослободувања од тарифите.

Од минатата недела на сила се царини од 25 отсто за челик и алуминиум, со цел да се заштити американската челична индустрија, која се соочува со зголемена конкуренција.

Трамп планира да воведе таканаречени „реципрочни“ царини за сите трговски партнери на неговата земја почнувајќи од 2 април.

Тогаш треба да стапат на сила царините од 25 отсто за мексиканските и канадските производи, кои беа привремено суспендирани на почетокот на март.

„Втори април е ден на ослободување на нашата земја. Милијарди долари веќе дојдоа во нашата земја, а од 2 април ќе ги има уште повеќе“, рече Трамп.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата