Трамп не ја исклучува можноста за рецесија во САД

10.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп не ја исклучува можноста за рецесија во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп  одби да ја отфрли можноста дека американската економија ќе влезе во рецесија оваа година и дека инфлацијата ќе се зголеми, бидејќи неговата трговска тарифна политика предизвикува несигурност и турбуленции на пазарот.

 Тој во интервју за Фокс њуз објави дека за постигнување на неговите економски цели ќе биде потребно време и преоден период додека не се постигнат резултати.

 „Постои преоден период, бидејќи тоа што го правиме е многу големо. Го враќаме богатството во Америка, а тоа е голема работа. Потребно е малку време, но мислам дека ќе биде одлично за нас“, рече Трамп.

На прашањето дали верува дека царините што ги наметна на стоки увезени во САД ќе ја поттикнат инфлацијата, Трамп рече дека тоа е можно. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата