Трамп ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО и со премиерот на Ирска

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО и со премиерот на Ирска

Трамп ќе го пречека и ирскиот премиер Мајкл Мартин во главниот град на САД. 

 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте од денеска до петок ќе престојува во посета на САД. 

Како што соопшти НАТО, во рамки на престојот во Вашингтон, Руте утре во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. 

Покрај со Трамп, предвидено е Руте да има средби и со високи претставници на Американската администрација и со членови на Конгресот на САД. 

Посетата на Руте на Вашингтон доаѓа во време на интензивни дебати и предлози во ЕУ за зајакнување на одбраната на Европа. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата