Тинејџер во Шкотска е обвинет за убиство на една година постаро момче

9.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тинејџер во Шкотска е обвинет за убиство на една година постаро момче

Амен Теклај (15) околу 22 часот и 30 минути бил пронајден тешко повреден на улица во шкотскиот град Кларендон. Екипите на итната медицинска помош интервенирале, но кај момчето била констатирана смрт на местото на настанот.

Полицијата не ја соопштила причината за неговата смрт, а по обдукцијата на момчето било најавено дека неговата смрт ќе се третира како убиство.

Двајцата тинејџери, 14-годишник и 15-годишник се уапсени во врска со смртта на 15-годишник.

Полицијата денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава за 14-годишник. Тој утре треба да се појави на рочиште, пренесува Sky News.

Полицијата на Шкотска не го коментира апсењето на 15-годишното момче, но рекоа дека истрагата се уште е во тек.

Главниот инспектор Кембел Џексон рече: "Нашите мисли се со семејството и пријателите на Амин во овој тежок момент. Исто така, би сакал да се заблагодарам на заедницата за нивната досегашна поддршка. Нашата истрага продолжува и бараме секој кој има информации кои би можеле да ни помогнат и се уште не се јавил да контактира со нас."

Амин бил ученик во средното училиште Свети Томас Аквински во Глазгов. „Беше паметен ученик со интерес за музика и медиуми“, рече директорката на училиштето Клер Мекинали.

„Ова е трагична ситуација. Нашите мисли и молитви се со семејството и пријателите на Амин во ова катастрофално време“, рече таа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата