Тероризам во Париз: Маж нападна полицајци, едниот го исекол со стакло за да му го земе пиштолот

4.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тероризам во Париз: Маж нападна полицајци, едниот го исекол со стакло за да му го земе пиштолот

Малку пред 13 часот, тројца полицајци кои вршеле надзор на улицата Де ла Сајт биле нападнати од маж кој се обидел да му го земе пиштолот на еден од нив, јавува порталот BFMTV.

Додека полицијата се обидувала да го совлада, напаѓачот со парче стакло повредил еден од полицајците, се обидел да го собори на земја и му го одзел личното оружје.

Мажот, кој изјавил дека е од Судан, бил придушен и одведен во блиската полициска станица каде што ќе биде прегледан од психијатар, а повредените полицајци биле испратени на лекување. Еден од полицајците се здобил со расекотина на раката, додека на друг му е констатирана скршеница на прстот.

Париското обвинителство ѝ ја довери истрагата на правосудната полиција, но овој инцидент го оценува и државното обвинителство за тероризам.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата