Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Зеленски, на прашање на британскиот водител Пирс Морган за можноста за преговори со Путин, одговори дека тоа бби го направил „ако тоа би бил единствена опција која може да донесе мир на граѓаните на Украина“.

- Во тој случај ќе прифатиме состанок на четири учесници, наведе Зеленски во интервјуто објавено на ЈуТјуб каналот на „Пирс Морган nецензурирано“ (Piers Morgan Uncensored).

Зеленски не прецизира кои би биле другите учесници, но Морган ја спомна можноста за преговори помеѓу Украина, Русија, САД и Европска Уnија.

Путин кон крајот на јануари изјави дека е отворен за преговори за крај на војхната во Украина, но отфрли директни разговори со Зеленски, бидејќи не гледа „волја“ кај Киев.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата