Судот ги поништи царините на Трамп

29.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Судот ги поништи царините на Трамп

Пресудата, донесена од страна на судии на американскиот суд за меѓународна трговија, ги запре сеопфатните царини од 10 проценти што Трамп ги воведе на „речиси секој трговски партнер на САД“, а десетици земји беа загрозени со повисоки царини, пишува „Nbc News“.

Судот, исто така, блокираше посебен сет царини што ги воведе администрацијата на Трамп врз Кина, Мексико и Канада, во кои како причина за зголемувањето се наведоа трговијата со дрога и нелегалната имиграција.

Администрацијата на Трамп ги оправда царините со повикување на законот за овластување за меѓународна економска вонредна состојба од 1977 година, или ieepa, кој му дава на претседателот овластување да го регулира увозот за време на одредени вонредни состојби.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата