Осомничениот за нејзиното убиство е 16-годишно момче со кое таа се забавувала, објави Билд.
Нејзините родители објавија емотивно видео во кое апелираат до јавноста за помош.Тие сакаат да знаат зошто нивната ќерка починала по забавата во шумата и ги замолуваат сите што биле таму да не молчат.
„Она што го правиме сега е многу тешко за нас. За да го решиме случајот ни се потребни изјави од сведоци, без нив не можеме да постигнеме никаков напредок“, рече нејзината мајка со солзи во очите.
Таткото на Ема додаде дека иако осомничениот е уапсен, многу прашања остануваат нејасни.
„Сè уште има луѓе кои можеби знаат нешто, но се плашат да кажат“, рече тој.
Двајцата ги повикуваат родителите да разговараат со своите деца.
„Се надевам дека луѓето ќе се појават, ако молчат, го штитат сторителот“, додаде мајката на Ема.
Што е познато досега?
Во ноќта помеѓу саботата и неделата, околу 4 часот наутро, жителите на Саксонија се јавија во полиција жалејќи се на бучава. Гласна музика ги вознемирувала жителите на селото Ломница таа ноќ.
На местото на настанот била испратена полициска патрола во населбата Каменц, која го пребарала подрачјето и го пронашле епицентарот на бучавата дури околу 7 часот наутро - планинската патека „Алте Фир“ (Стара четворка).
На чистината покрај планинарската патека имало околу 200 луѓе, а полицајците веднаш ја прекинале забавата. Не долго потоа, група посетители, кои се враќале дома, го пронашле момчето на Ема како збунето талка во шумата. Рацете му биле крвави.
Полицијата веднаш ги повика достапните единици, кои набрзо го пронајдоа телото на Ема. Таа била избодена во вратот и стомакот, а младиот човек е осомничен за нејзиното убиство, полицијата веднаш го уапсила.
Полицијата конфискуваше оружје - мал нож, за кој се сомнева дека ја убил Ема. Тој бил веднаш уапсен, а во полициската станица е утврдено дека бил позитивен на наркотици.
Мотивот за убиството останува нејасен.