По експлозијата, јужнокорејскиот премиер Ким Мин Сеок нареди целосна мобилизација на опрема и персонал за спасувачки операции.
Експлозијата е пријавена во 10:59 часот по локално време во фабриката „Ханва аероспејс“ во градот Даџеон во централна Јужна Кореја, соопштија локалните власти и потврдија дека пожарникарите биле испратени на местото на настанот веднаш по пријавата, објави Јонхап.
Полицијата и пожарникарите веруваат дека експлозијата се случила на првиот кат од фабриката и најавуваат истрага за причината за инцидентот откако ќе биде изгаснат пожарот.
⚠️ Important
— Open News© (@OpenNewNews) June 1, 2026
Explosion at Hanwha Aerospace facility in South Korea — 4 killed pic.twitter.com/4523Qxojq5
Премиерот на Јужна Кореја им наложи на Министерството за внатрешни работи, Противпожарната служба, полицијата и градската власт на Даеџон да ја мобилизираат целата расположлива опрема и персонал за гаснење на пожарот и спасување на жртвите со цел да се зачува човечкиот живот и здравје.

