Стармер: Велика Британија гласаше за промени, довербата на граѓаните ќе ја вратиме со дела

5.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стармер: Велика Британија гласаше за промени, довербата на граѓаните ќе ја вратиме со дела

„Нашата земја гласаше за промени и политиката може да биде добра сила, што и ќе покажеме. На прво место е земјата, а на второ партијата“, рече новоименуваниот премиер во обраќањето до јавноста од Даунинг стрит, каде што е седиштето на британската Влада, пренесува Би-Би-Си.

Тој истакна дека е дојдено време за промени во земјата, но дека тоа не може да се случи преку ноќ. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата