Стармер и Макрон повикаа на зајакнување на притисокот врз Путин поради Украина

10.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стармер и Макрон повикаа на зајакнување на притисокот врз Путин поради Украина

Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повикаа партнерите во „коалицијата на подготвените“ да го зајакнат притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин со цел да го принудат да преговара за мир во Украина.

Од Лондон, по посетата на британска воена база, за време на видео повик со останатите сојузнички лидери собрани во Рим на конференцијата за обнова на Украина, тие ја потврдија поддршката за Киев. Тие тврдат дека преземаат водство во потенцијална повоена воена мисија за обезбедување безбедност во Украина.

Стармер оцени дека „овој координиран притисок ќе направи разлика“.

- Треба да ја пренасочиме нашата работа кон подготовка на мирот, да го оствариме така што ќе го присилиме Путин на преговарачка маса, рече Стармер.

Тој додаде дека европските планови за мировни сили се „зрели“ по повеќемесечно планирање, пренесува „Гардијан“. Според весникот, Макрон тие планови ги опишал како „подготвени за спроведување“ кога ќе се постигне договор за прекин на огнот.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим исто така повика на зајакнување на притисокот врз Русија. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата